Опаѓа капацитетот на белите дробови кај децата од Скопје, некои од нив цел живот ќе се борат со астма

January 15, 2023
1 min read

Најмладите и нивното здравје се првите индикатори кои ни откриваат дека нешто се случува со животната средина.

Според едно истражување направено пред повеќе години децата во Скопје, поради загадениот воздух , имаат 20 до 30 % помал капацитет на белите дробови во споредба со врсниците од другите делови на државата, пренесува Телма.

Детето после раѓањето почнува да го гради и зајакнува имунолошкиот систем и вие кога имате енормно загадување не му ја давате таа шанса, вели доктор Димовска. Со депонирањето на овие токсични материи во организмот се намалува функцијата на имунитетот и тоа најчесто кај децата под пет години.

„Децата родени во вакви услови и понатаму во животот  белодробните капацитети им се намалени, меѓутоа и самиот раст и развој на белите дробови. Никогаш не можат да постигнат максимална големина како нивните врсници што живеат да кажеме во условно незагадени средини. Сегашните студии го докажуваат овој факт, бројни епидемиолошки студии дека никогаш нивните бели дробови не достигнуваат максимален раст и функција“ – смета Димовска. 

Во моментов капацитетите на детската болница Козле се исполнети. Загадениот воздух е значаен ризик фактор за влошување на состојбата на белите дробови и респираторни инфекции кај најмладите.

„Ефектите на аерозагадувањето се непосредни и можат да бидат и долгорочни. Да ја влошат хроничната белодробна состојба, која постои кај некои деца, но може да доведат понатаму и до хронично заболување на белите дробови како астма.  Има голем наплив на пациенти, така што дневно имаме прегледи од 150 до 200 во тек на 24 часа“ – смета д-р Ивана Арнаудова –Даневска, педијатар во ЈЗУ Институт Козле.

Загадениот воздух влијае безмалку на сите органи, пред се на крвните садови, на мозочниот систем и кога се развива кај малите деца, па до повозрасните каде што може да дојде до мозочен удар, па дури го напаѓа и ендокринолошкиот систем, велат лекарите.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Впечатокот на членството на ДУИ е дека Груби е клан, а Ахмети негов заштитник, вели Меџити во интервју за РСЕ

Следно

МНР побара Софија да се огради од недоличните изјави на Џамбаски и на Костадинов

Latest from Blog

Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор сака да ја продолжи кариерата во шампионатот на Саудиска Арабија, објави новинарот Ромен Молина на социјалните мрежи. Според Молина, Винисиус и неговите застапници ги привлекуваат сумите

Мицкоски: Оставката на Дамева не треба да биде исклучок – секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине

Овој процес треба да биде динамичен. Секој оној кој нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството, посочи премиерот Христијан

Не доби Нобелова, но пранкерите го прогласија Заев за „херој на нивните шеги“ и најступиден политичар

Можеби не успеја да добие Нобелова награда, но признанијата за поранешниот македонски премиер, екс претседател на СДСМ и сива еминенција во сегашната гарнитура не престануваат. Дојде уште едно признание за Зоран Заев,
Go toTop