ОН најавија нови преговори за продолжување на Договорот за извоз на жито преку Црно Море

May 16, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Шефот за хуманитарна помош на Обединетите нации (ОН), Мартин Грифитс, денес изјави дека разговорите за продолжување на Договорот за извоз на жито преку Црно Море ќе продолжат и наредните денови, јавува Анадолу.

На 18 мај истекува Договорот за извоз на жито од црноморските пристаништа на завојуваната Украина.

Туркије, Русија, Украина и ОН одржаа дводневен состанок на високо ниво во Истанбул минатата недела на разговори за продолжување на Договорот за жито, но не беше постигнат договор.

„Продолжувањето на Црноморската иницијатива е критично важно“, рече Грифитс пред Советот за безбедност на ОН.

За да се согласи на уште едно продолжување на Договорот за жито, кој беше потпишан во Истанбул во јули минатата година меѓу четирите страни, Русија бара да се отстранат пречките за извоз на руско ѓубриво.

Не постојат западни санкции за рускиот извоз на храна и ѓубрива, но Русија вели дека банкарските ограничувања влијаат врз нејзиниот извоз.

Повеќе од 30 милиони метрички тони жито и храна се извезени од Украина од август минатата година. ОН тврдат дека значително помогнале во решавањето на глобалната криза со храна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најмалку шестмина загинати во пожар во хостел во Нов Зеланд

Следно

Распродадени сефовите за чување оружје во Белград, се прават листи на чекање

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop