Олга Панкина со „женска“ литературна вечер во Москва

March 6, 2023
1 min read

Олга Панкина, претседател на невладината организација „Македонски културен центар” во Москва, вчера во Библиотеката „А.Н. Толстој” во главниот град на Русија, организира литературната средба во рамките на неjзиниот проект „Читај ја Македонија!” коj успешно го реализира од 2014 година.

Првиот дел на литературната средба, како што информира Панкина, му беше посветен на современото женско писмо во Македонија.

Празникот 8 Mарт е добар повод за пошироко презентирање пред руската читателска публика на литературни творби на македонските жени-писатели. За жал, не можев да ги претставам сите (над 50) авторки кои ги имам преведено на руски. Затоа морав да направам избор, рече Олга Панкина.

Таа ги запозна читателите со романите „Омраза – длабоко” и „Друга мајка” на Драгица Најческа, „Аквамарин” на Тања Урошевиќ, „Вежби за ибн Пајко” на Оливера Николова, „Доилката” на Лилјана Пандева и „Незадоволна” на Ксенија Николова. Потоа следуваше поетското читање. Песните на македонските поетеси почнувајќи од Светлана Христова-Jоциќ и Гордана Михаилова-Бошнакоска до Елена Пренџова во изведба на артистите на театарот „Город” ги восхитија присутните. Посебно внимание им беше доделено на поетските книги „Кога ни гореше под нозе” на Катица Ќулавкова и на најновата, објавена во 2022 година, поетска збирка под наслов „8 поетики” – двојазична антологија во која се застапени осум современи писателки членки на Битолскиот книжевен круг. Такво групно претставуање на битолските писатели во странство е направено за прв пат.

Во вториот дел на настанот посветен на Светскиот ден на поезијата (се одбележува на 21 март) Олга Панкина ја претстави поезијата на Блаже Конески – уникатен творец и во науката за македонскиот јазик, и како раскажувач и, пред се, како поет. Присутните имаа можност да слушнат песни на Конески како во превод на руски, така и во оригинал благодарение на краткиот филм за поезијата на Конески презентиран на екранот.

Блаже Конески е фигура од џиновска димензија, а делото на Блаже Конески е значајно и вредно остварување во рамките на светското културно наследство и треба нашироко по светот да се наведува како силен аргумент за значењето и суштината на македонскиот јазик, за македонскиот национален идентитет, истакна Панкина.

Настанот предизвика голем интерес на публиката, траеше над два часа и помина во топла, навистина пролетна, атмосфера. На крајот Олга Панкина на сите заинтересирани им подари книги на македонските автори.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Фанот на Ливерпул кој влезе на терен да прослави гол, можеби веќе никогаш нема да влезе на Енфилд!

Следно

Приватните превозници ќе функционираат преку три нови фирми откако „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ испаднаа од игра

Latest from Blog

Митески прогласи голема победа во Аеродром

Дејан Митески прогласи голема победа во Аеродром, со 18.000 гласа. -Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба!

Тони Тоневски победи во Пробиштип

НЕОФИЦИЈАЛНО: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, ја освои победата во Пробиштип со 4.156 гласа, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Драган Анастасов, доби 4.131 глас. Се очекува официјална потврда од изборната комисија.

Џастин Балдони ја повлече тужбата од 400 милиони долари против Блејк Лајвли

Актерот и режисер Џастин Балдони ја отфрли својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување. Судска одлука Како што објавува

„Шејн“ доби пријава од француската агенција поради продажба на сексуални кукли со изглед на дете

Како одговор, Шејн објави дека спорните кукли оттогаш се отстранети од нејзината платформа, објави France 24. Во соопштението, DGCCRF рече дека „описот и категоризацијата на производите на веб-страницата на Shein потврдуваат без

Лесно му е на Сити кога го има Халанд!

ФОТО: Manchester City/FB Да. Лесно му е на Манчестер Сити кога во нападот го има “ѕверот“ Ерлинг Халанд. Имено во дербито на десеттото коло од Премиер лигата, Манчестер Сити го пречека Борнмут,
Go toTop