Околу 40 отсто од бензинските пумпи во Париз и околината се соочуваат со недостиг на гориво

April 11, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Околу 40 отсто од бензинските пумпи во регионот Ил-де-Франс, кој го вклучува и главниот град Париз, се соочуваат со недостиг на гориво поради штрајкот на работниците во рафинериите во Франција, пренесува Анадолу.

Како што наведува француски „Фигаро“, штрајковите во многу рафинерии продолжуваат поради контроверзната реформа што предвидува продолжување на старосната граница за пензионирање за две години во земјата.

Во моментов во тек се штрајкови на околу 200 локации низ земјата, а пред некои бензински пумпи се формирани долги колони возила.

Околу 40 отсто од бензинските пумпи во регионот Ил-де-Франс се соочуваат со недостиг на бензин, што е околу 10 отсто од бензинските пумпи во целата земја.

Техничките проблеми во некои рафинерии дополнително го отежнаа снабдувањето со гориво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Британската влада ќе им помогне на милион пушачи да се префрлат на е-цигари

Следно

Две малолетнички и една жена каснати од улични кучиња

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop