Охрид, можен „центар за помирување“ за Јужен Кавказ

May 15, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Северна Македонија, односно градот Охрид, може да биде местото каде што ќе се сретнат министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, на состанок што би имал цел да помогне во напорите за помирување и интеграција во регионот на Јужен Кавказ, јавува Анадолу.

Извори од Министерството за надворешни работи (МНР) на Северна Македонија, земја претседавач со ОБСЕ, велат дека министерот Бујар Османи ја иницирал средбата во својство на претседавач со ОБСЕ.

Според изворите, за средбата во таканаречениот „центар за помирување“ веќе се пратени три можни датуми за одржување на состанокот и во тек е комуникација и договарање со земјите.

Министерот и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, минатиот месец престојуваше во посета на регионот на Јужен Кавказ, каде што се сретна со неговите колеги и државниот врв на Азербејџан, Ерменија и Грузија.

При таа посета на регионот, водејќи се од мотото на ОБСЕ „За луѓето се работи“, тој ја нагласи важноста од решавање на долгогодишните прашања и нормализирање на односите во регионот, додавајќи дека најголема придобивка од одржливиот мировен договор ќе имаат граѓаните од регионот.

Според изворите, Северна Македонија преку функционалната мултиетничка демократија и решавањето на споровите преку дипломатски пат може да служи како позитивен пример и во поглед на интегрирањето на различните етнички заедници.

Градот Охрид веќе беше домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот Белград – Приштина. На 18 март оваа година, под покровителство на Европската Унија (ЕУ), во Охрид се сретнаа високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово.

Потсетуваме дека на 13 август 2001 година во Охрид се потпиша Рамковниот договор со кој се стави крај на вооружениот конфликт во Северна Македонија и се поставија рамки за меѓуетнички соживот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Како гласаа Турците во Македонија – Киличдароглу води пред Ердоган

Следно

Претседателот Румен Радев ѝ го врачи првиот мандат на Марија Габриел

Latest from Blog

ХАОС ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Полицијата спречи упад, силни топовски удари, БЛОКАДЕРИТЕ ЗАПАЛИЈА ШАТОР (ФОТО+ ВИДЕО)

Во центарот на Белград, пред Народното собрание, се собрале неколку блокадери, обидувајќи се да предизвикаат хаос, јавуваат медиумите. Според извештаите, блокадерите почнале да фрлаат камења и шишиња кон „Чациленд“. МУП издаде итно

Антони ја “скрши“ Мајорка!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Бетис – Мајорка 3:0. Ова е исходот од вечерашниот меч во Ла Лига во Севиља. И веднаш, уште една одлична партија на Бразилецот Антони кој со два гола

Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево. -Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на скопјани за довербата – нема да ја изневерам

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со реализација на плановите за подобрување на состојбите во главниот град. „Веднаш
Go toTop