Канцеларијата за хуманитарна помош на ОН: Затворени премините Рафа и Керем Шалом

May 7, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Хуманитарната канцеларија на Обединетите нации (ОН) денес објави дека се затворени и премините Рафа и Керем Шалом, што го спречи влегувањето на многу потребната хуманитарна помош во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Двете главни артерии за испорака на помош во Газа се прекинати“, изјави во Женева Јенс Лаерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (OCHA).

Израелската Армија рано утринава соопшти дека нејзините сили ја презеле контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафа со Египет.

По најавата на палестинската група Хамас за прифаќање на катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот во Газа, израелскиот воен кабинет одлучи да ја продолжи операцијата во Рафа со цел, како што наведе, „воен притисок врз Хамас за да го унапреди ослободувањето на заложниците и други воени цели“.

Израелската Армија издаде итна наредба за евакуација на Палестинците во источните населби на Рафа и ги повика да се преселат во градот Ал-Маваси во јужниот дел на Газа.

Рафа е дом на повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци кои избегаа од војната што ја започна Израел по нападот на Хамас на 7 октомври, во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш, во израелските напади загинаа повеќе од 34.700 Палестинци, главно жени и деца, и е предизвикана огромна хуманитарна катастрофа.

Речиси седум месеци по почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Уште шест години за Путин и пет работи на кои треба да се внимава

Следно

Борел: Офанзивата на Израел врз Рафах ќе доведе до уште поголем број цивилни жртви

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop