Од детска забава до фатална трагедија: Што е познато досега за инцидентот во Илинден

February 26, 2023
1 min read

Со двете малолетни лица кои биле со загинатото девојче веќе е извршен разговор, местото на несреќата е фотографирано, а телото е дадено на обдукција. Зошто девојчето решило да се качи на еден од вагоните, официјални информации нема. Она што неофицијално го објавија дел од медиумите денеска е дека една од причините може да било да се направат фотографии или видеа за социјалните мрежи

Извор: „Макфакс“

Што довело до трагичниот настан синоќа во Илинден во кој девојче што се качило на вагон го загуби животот, официјален одговор се чека од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје кое денеска соопшти дека ги испитува сите околности.

Она што е познато од официјалните соопштенија на институциите и изјавите за медиумите, е дека пријавите за инцидентот стигнале околу 21:05 часот вчеравечер.

Во првичната информација од МВР синоќа, според пријавата што ја дал жител на Илинден, беше наведено дека пожарот бил во складиштето на „Макпетрол“ и дека цистерната е опожарена од малолетни лица.

„Во 21:05 часот во ПО – Петровец, С. К. пријавил дека во населбата Илинден, кај железничката станица во складиштето на ’Макпетрол‘, од страна на малолетни лица е опожарена цистерна. Двете малолетни лица се кај него дома и по извршениот разговор со децата, посочено е дека во цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато“,

рекоа првично од МВР.

Меѓутоа, по направениот увид денеска и МВР и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје излегоа со соопштенија во кои беше наведено дека девојчето се качило на вагон-цистерна и допрело жица за струја со висок напон, при што дошло до струен удар.

Несреќата не се случила во складиште на „Макпетрол“, што синоќа беше демантирано и од компанијата, туку кај железничката станица во Општина Илинден, на паркираните вагони, односно цистерни за гориво.

Девојчето таму било со уште две малолетни лица. Зошто решило да се качи на еден од вагоните, официјални информации нема. Она што неофицијално го објавија дел од медиумите денеска е дека една од причините може да било за да се направат фотографии или видеа за социјалните мрежи.

Телма ТВ објави дека неофицијално девојчето се качило за да сними видео за ТикТок.

Инцидентот го забележал сосед кој живеел во близина.

Пријава стигнала до „Македонски железници“ дека има пожар на еден од вагоните-цистерна на станицата во Илинден и оти едно лице загинало од струен удар. Оттаму во 21:05 ч. го информирале Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Истото време на пријавување на инцидентот го наведоа и во денешното соопштение од МВР.

На терен беше и Противпожарната бригада на Град Скопје кои го гаснеле пожарот со две возила и седум пожарникари.

Телото на девојчето било пронајдено на вагонот.

Увид на местото на несреќата правеа полициски екипи, дежурниот обвинител во ОЈО Скопје и обдуцент од Институтот за судска медицина.

Од скопското обвинителство соопштија дека со двете малолетни лица веќе е извршен разговор, местото на несреќата е фотографирано, а телото на девојчето е дадено на обдукција и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СПМ против предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини

Следно

(ВИДЕО) Зеленски покажа каде живее во време на војната: Чува и едно „сако за победа“

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop