Обвинителството од Белград: Момчето не може кривично да одговара, нема наполнето 14 години

May 3, 2023
1 min read

На барање на ВЈО, пак, на таткото му е одредено задржување од 48 часа поради сомнение за извршено кривично дело тешки дела против општата сигурност

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Ученикот од 7. одделение во Основното училиште „Владимир Рибникар“, К.К. (13), кој утрово со пиштол уби осум ученици, како и вработен во обезбедувањето, а тешко рани шест други ученици и една наставничка, не е кривично одговорен, соопшти Вишото јавно обвинителство (ВЈО) во Белград.

Според Законот за малолетни сторители на кривични дела и кривично-правна заштита на малолетни лица, К.К., нема кривична одговорност бидејќи не наполнил 14 години, пренесува Н1 ТВ.

Момчето е родено во 2009 година и има полни 13 години. Како што посочи претходно и началникот на белградската полиција, Веселин Милиќ, тој е роден крајот на јули, што значи дека тогаш ќе наполни 14 години.

На барање на ВЈО, пак, на таткото му е одредено задржување од 48 часа поради сомнение за извршено кривично дело тешки дела против општата сигурност.

Претходно, увид на местото на масовното убиство направија дежурните јавни обвинители од Одделението за општ криминал и Одделението за малолетници при ВЈО во Белград, а по нивен налог беше издадена и наредба во присуство на вработени од Центарот за социјална работа да се земе изјава од момчето и да изврши лекарски преглед. Потоа, од Центарот ќе одлучат какви мерки од оние што им се во надлежност, ќе преземат.

Од ученикот кој го изврши нападот ќе се земе и крв за да се направат токсиколошки анализи со цел да се утврди дали за време на извршување на злосторството бил под дејство на алкохол, наркотици или други психоактивни супстанции.

*Други поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турскиот воен брод „ТЏГ Анадолу“ отворен за посетителите во Измир

Следно

Украина негира каква било вмешаност во напад на руски Кремљ

Latest from Blog

60-годишна жена во Карпош, со тешки повреди однесена во болница

60-годишна жена е жртвата која беше прегазена во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата меѓу скопските населби Карпош 2 и Карпош 3, кај Педагошката академија, соопшти денеска МВР. Ја прегазил

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop