Украина негира каква било вмешаност во напад на руски Кремљ

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украина денес негираше каква било вмешаност во нападот врз Кремљ, кој руското Претседателство го дефинира како „терористички“ акт на Киев, пренесува Анадолу.

„Како што (украинскиот) претседател [Владимир] Зеленски во неколку наврати изјави, Украина ги насочува сите расположливи сили и средства за ослободување на сопствените територии, а не за напад на странски“, истакна портпаролот на украинскиот претседател Серхи Никифоров, објави украинската државна новинска агенција Укринформ.

Претходно во текот на денот, Кремљ излезе со тврдење дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата на рускиот претседател Путин во Кремљ со две беспилотни летала, за кои рече дека биле соборени.

„Овие акции ги сметаме за планиран терористички акт и обид врз (рускиот) претседател (Владимир Путин), извршени во пресрет на Денот на победата, Парадата 9 Мај, на која е планирано и присуство на странски гости“, беше соопштено од Кремљ.

Се додава дека Путин не бил повреден од наводниот напад и дека руската страна го задржува „правото да преземе одмазднички мерки на место и време кога смета за соодветно“.

По веста за обидот за напад, Москва ги забрани летовите со беспилотни летала во главниот град.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Обвинителството од Белград: Момчето не може кривично да одговара, нема наполнето 14 години

Следно

Скопјанец со нож се обидел да нападне контролорка во автобус на ЈСП

Latest from Blog