Обвинителството бара притвор, осомничените нудат милионски гаранции за да го избегнат затворот

June 3, 2026
1 min read

Основното јавно обвинителство отвори истрага против четири лица осомничени за злоупотреба на постапки за јавни набавки и коруптивни дејствија поврзани со Царинската управа. Меѓу осомничените, покрај службени лица, се наоѓаат и две лица од приватна компанија.

Во рамки на постапката, Обвинителството до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд доставило предлог за определување мерка ефективен притвор за осомничените.

Надлежната обвинителка Искра Хаџивасилева, во изјава пред судот, посочи дека барањето за притвор е оправдано поради фазата во која се наоѓа истрагата и потребата од непречено обезбедување на дополнителни докази.

„Се наоѓаме во рана фаза од истрагата во која допрва ќе се обезбедуваат дополнителни докази. Меѓутоа, досегашните сомневања, квалитетот на доказите и вкупните околности налагаат да одиме со предлог за притвор. Оваа мерка се чини оправдана и пропорционална според оцената на обвинителството“, изјави Хаџивасилева.

Одбраната на осомничените, пак, најавила дека размислува за понуда на имотни гаранции како алтернатива на ефективниот притвор. Според обвинителката, ваквиот пристап е значаен имајќи ја предвид природата на делата за кои се води постапката.

„За обвинителството е значајно ваквото размислување на одбраната. Со оглед на тоа што се работи за финансиски криминалитет, тоа дава основа за размислување во правец на гаранции. Одлуката ја чекаме од судот, а роковите се кратки“, додаде таа.

Истрагата за наводните финансиски малверзации продолжува, а од Обвинителството најавуваат дека не е исклучена можноста со прибирањето на нови докази постапката да биде проширена и на други лица кои евентуално биле вклучени во случајот.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Продуктоводот ја оправда инвестицијата, обезбедено стабилно снабдување со гориво

Следно

Обвинителството бара притвор, осомничените нудат милионски гаранции за да го избегнат затворот

Latest from Blog

Божиновска за МТВ: Македонија ќе стане клучна транзитна точка за природен гас во регионот

Изградбата на гасните интерконектори со Грција и Србија се одвива според планираната динамика, а Македонија во следните години има потенцијал да стане важна транзитна точка за снабдување со природен гас во регионот,

Рубио: ВОЕНАТА ОПЕРАЦИЈА НА АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА во Иран „Епски бес“ заврши

Воената операција на американската војска во Иран, наречена „Операција Епски бес“, заврши, изјави денес американскиот државен секретар Марко Рубио. Зборувајќи пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, Рубио реагираше на размената

Обвинителството бара притвор, осомничените нудат милионски гаранции за да го избегнат затворот

Основното јавно обвинителство отвори истрага против четири лица осомничени за злоупотреба на постапки за јавни набавки и коруптивни дејствија поврзани со Царинската управа. Меѓу осомничените, покрај службени лица, се наоѓаат и две

Божиновска: Продуктоводот ја оправда инвестицијата, обезбедено стабилно снабдување со гориво

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека Македонија има стабилно и сигурно снабдување со нафтени деривати, и покрај случувањата на Блискиот Исток кои влијаат врз цените на светските

Бојкоски: Со заеднички идеи до нов лик на централниот плоштад во Битола

Општина Битола денеска организираше граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој граѓаните имаа можност да ги изнесат своите мислења, предлози и согледувања за идниот изглед на централниот градски
Go toTop