ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден

1 min read

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор.

Денот на изборите севкупно беше оценет позитивно при што во голема мера се почитуваа процедурите за гласање, додека во некои случаи при пребројувањето избирачките одбори не ги завршија целосно пропишаните процедури. Ова се прелиминарните заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија за изборите составена од претставници на ОБСЕ/ОДИХР и Советот на Европа изнесени денеска на прес-конференција.

Џилијан Стирк, шеф на мисијата ОБСЕ/ОДИХР во контекст на законската рамка истакна дека таа е основа за демократски избори, но оти не регулира во доволна мера некои од важните елементи на претседателската трка.

Посочи дека неодамнешните измени во Изборниот законик беа воведени преку процес на кој му недостасувало транспарентност и консултации со јавноста.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Продолжува притисокот на Западот кон косовскиот премиер Албин Курти

Следно

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата

Latest from Blog