Инаетот на политичарите го остава Охрид без јавна катна гаража

May 5, 2024
1 min read

Додека Охрид се соочува со сериозен недостиг на паркинг места, проблем кој доаѓа до израз за време на туристичката сезона, градот никако да ја добие долгонајавуваната катна гаража. Граѓаните велат дека на Охрид му е повеќе од потребен ваков објект поради неподносливиот сообраќаен хаос што се создава на лето.

„Потребно му е особено во пазариот дел, сите се паркираат на улиците. Тоа е проблем за сообраќајот, за пешаците. Пазарот кога го градеа требаше да направат гаража на три ката“, рече еден граѓанин.

„Многу му е потребно, затоа што 1.000 автомобили ќе се паркираат, плус пари многу ќе се соберат. Јас вчера бев во Прилеп, 100 денари е паркирање цел ден во катната гаража“, рече еден граѓанин.

Гаражата партиите ја ветуваат при секоја предизборна кампања. Но, според министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, изградбата на катна гаража во Охрид не било проект од јавен интерес.

„Од јавен интерес градби се училишта, градинки, спортски терени, меѓутоа катна гаража баш не е“, додаде Бисера Костадиновска Стојчевска-министерка за култура.
Но, граѓаните го мислат спротивното.

„Како не е од јавен интерес?! Ќе се растоварат улиците, ќе си паркираат луѓето таму. Ќе си платиш и ќе си паркираат. Корисно е“, рече еден граѓанин.

Градоначалникот, Кирил Пецаков, ја обвинува токму министерката Стојчевска дека ја кочи изградбата на гаражата. Тој тврди дека Националната комисија на УНЕСКО, каде што секој објект во Охрид требало да добие дозвола, одобрила да се гради гаража.

„Што значи дека ние веќе ќе имавме конзераваторско одобрение и одобрение за градба и многу скоро би можеле да ја отпочнеме постапката, каде општина Охрид би ја финансирала таа катна гаража, а не некој друг…“, рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Но, од Министерството за култура тврдат дека министерката не дава никакво одобрение за градба, а дополнително на тоа, за гаражата велат дека надлежно било сосема друго тело, а не Комисијата за УНЕСКО, што ја споменува Пецаков.

„Таа надлежност ја има Комисијата за управување со природното и културното наследство со Охридскиот регион… Комисијата брои 23 члена, што значи за правосилна одлука се потребни 12 гласа“, велат од  Министерство за култура.

Толку гласови, според министерството, никогаш не биле собрани. На овој начин, најголемиот туристички центар и ова лето се чини дека ќе се соочи со сообраќан хаос. Со сличен проблем на лето се соочува и Струга каде локалната власт вети подземен паркинг, но ниту тој никогаш не беше изграден./Алсат.мк

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден на македонскиот јазик

Следно

Коњуфца: ЕУ со нетрпение очекува да работи со српската влада, а не е подготвена да ги укине мерките кон Косово

Latest from Blog

По години запуштеност, Градскиот стадион во Прилеп повторно е во одлична состојба

Градскиот стадион во Прилеп доби целосно освежен изглед и повторно е подготвен да ги пречека спортските натпревари. ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“, во соработка со Локалната самоуправа, реализираа целосна рехабилитација

„Ливерпул нема да ја освои титулата“

фото: Liverpool FC (X) Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч, даде многу песимистичко предвидување за својот поранешен клуб пред новата сезона. Крауч верува дека „црвените“ немаат доволно квалитетен тим

Судија го блокираше обидот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Судот вчера пресуди дека администрацијата незаконски го отфрлила претходно одобрениот план за изградба на нов комплекс во Мериленд. Станува збор за спор што трае со години, пишува „Еуроњуз“. Локацијата во Гринбелт, Мериленд,

Цела Македонија е со висок индекс за пожари

Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на Република Северна Македонија е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја), информираат од Центарот за управување со кризи. Според извептајот, исклучок

Депортиво и Елче ги поделија бодовите

Во единствениот меч од денешката Примера програма екипата на Депортиво Ла Коруња на домашен терен не успеа да ја искористи предноста на својата публика и одигра 1:1, со тимот на Елче. Домаќинот
Go toTop