Нула депонии во Аеродром во 2023 година: Интензивни активности за чистење на јавните површини

January 10, 2023
1 min read

Активностите за чистење на јавните површини кои започнаа во 2022 година, продолжуваат и оваа година. Локалните комунални служби оваа работна недела ја започнаа со акција за чистење на депониите кои се наоѓаат на територијата на Општина Аеродром. Почнувајќи од вчера, денеска и во следните денови, се чисти депонијата што се наоѓа зад „Урбан Гарден“ на улицата „Трета Македонска Бригада“.

Интензивните активности се спроведуваат на повеќе локации низ општината и ќе траат до крајот на овој месец. Истовремено, инспекциските служби се активни на терен и активно работат на санкционирање и вршат засилен надзор секаде каде што се забележува несоодветно одложување на отпадот.

– Решавањето на проблемите на граѓаните останува во фокусот на нашето работење. Ги слушаме нивните проблеми и веднаш интервенираме онаму каде тоа е потребно. Oдржувањето на јавната хигиената е во фокусот и оваа година, a паралелно со тоа работиме и на подигнување на свестa кај граѓаните. Поради ова активностите за чистење на депониите кои ги започнавме лани, продолжуваат да се реализираат и оваа година, а паралелно се одвива и тековно чистење и одржување на Аеродром. Ова ќе биде година на промени во начинот на работата на комуналните служби, и со тоа општината веќе започна со највената реорганизација на начинот на одржување на јавната хигиена, напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил.

Од Општина Аеродром најавија дека активностите за расчистување на депониите продолжуваат и следните денови. Свеста за екологијата и чистата животна средина е важна за секојдневното живеење и поради тоа апелираме до граѓаните да бидат одговорни и да дадат свој придонес во одржување на јавната хигиената.

Исто така, апелираат до граѓаните во следните денови да ги дислоцираат своите автомобили од локациите каде ќе се спроведуваат акциите за чистење. На тој начин општинските служби ќе можат поефикасно да ги реализираат своите активности на терен. Општина Аеродром останува посветена на обезбедување здрава и чиста средина за граѓаните, преку секојдневните активности на комуналните работници и инспекциските служби.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Mлади мајки веќе никогаш нема да треба да плаќаат данок во Унгарија

Следно

Италијански министер: Болсонаро не ни побара државјанство, а и не би можел да го добие

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop