НРБМ ги предупредува граѓаните да внимаваат каде купуваат на “Блек фрајдеј”

November 29, 2024
1 min read

Да се купува од безбедни веб страници, да се користат безбедни интернет врски односно да не се користат јавни интернет мрежи и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски извори.

Ова се дел од советите на Народна банка за тоа  како да се купува безбедно онлајн но и за блеј фрајдеј да не наседнуваат граѓаните. 

„ Купувањето преку Интернет е лесно и брзо, но заштитата на вашите финансии е од суштинско значење. Следете ги овие совети за безбедно искуство за купување преку Интернет:  Овозможете двофакторна автентикација: Додадете дополнителен слој на безбедност на вашите сметки. Пазете се од премногу добри понуди: Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е!“ – Народна банка.

Претседателката на Организацијата на потрошувачи Марија Лончар Велкова во телефонски разговор за Телевизија 24 вчера изјави. Доколку потрошувачите одлучат да купат нешто за време на блек фрајдеј, да купат само тоа што им е неопходно,  да ја спроредат претходната цена со новата и да не купуваат на не проверени онлајн страници.   

„Ако се купува било каков произовод особено покрупни овие произоводи како што се бела техника или како што се телевизори слично да се видат цените на повеќе места за да се избегнат некакви манипулации и да може да се види квалитетот. Не треба да купуваат онлајн поради тоа што има многу производи кои што се нудат онлајн во смисла на тоа да бидат сигурни дека купуваат од сигурни сајтови.“ – Марија Лончар Влекова претседателка на Организација на потрошувачи.

Претходно од Управата за јавни приходи излегоа со соопштение дека трговците се должни да поседуваат фискален апарат и задолжително да издаваат фискални сметки при вршење продажба и промет. На видно место треба да постават соопштение со кое го информираат купувачот за неговата обврска да побара фискална сметка.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турско МНР: Приоритет на Туркије е одржувањето на мирот во сириски Идлиб и соседниот регион

Следно

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

Latest from Blog

Студентите од регионот заедно во Скопје, бараат меѓусебно признание на дипломите и независен инвестициски фонд

Иако доаѓаат од различни држави, студентите од регионот се соочуваат со слични проблеми. За да зборуваат за нив и да побараат решенија за предизвиците со кои се соочуваат, младите се собраа во

УАКС одбележува 20 години визија и посветеност на квалитетно образование по светски стандарди

Денес, со свечен настан на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), официјално започна одбележувањето на јубилејот – 20 години УАКС. На настанот се обратија претседателката на одборот на директори и проректор за настава

Почина поранешен кошаркар на Карпош Соколи, имаше само 38 години

Поранешниот српски кошаркар кој настапуваше и за Карпош Соколи, Драган Лабовиќ почина од срцев удар на 38-годишна возраст, информираат денеска српските медиуми. Лабовиќ важеше за голем талент на српската кошарка кој не

Американскиот претседател Трамп објави дека Индија и Пакистан се договориле за прекин на огнот

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле за целосен и моментален прекин на огнот по разговорите водени со посредство на неговата земја, известува Анадолу. Претседателот

„Загревање“ пред трката за локални избори, официјално дел од имињата ќе бидат познати во јуни

На само пет месеци пред одржувањето на локалните избори, политичките партии се уште не ги откриваат своите адути во трката за градоначалници. Во ВМРО-ДПМНЕ се уште трае процесот на сондирање за можните
Go toTop