Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

November 29, 2024
1 min read

Грузија врти нова страница во надворешната политика. Суспендирани преговорите со европската унија во следните четири години.Претседателката на државата, Саломе Зурабишвили  ја обвинува владеачката партија дека му обкјавила војна на сопствениот народ и дека работи во интерес на Москва.

„„Денес ни требаат разумни одлуки. Време е сите да ја донесете својата одлука. Време е да размислите за иднината во која ги оставате вашите деца. Можете ли да замислите во каква апсурдност живеете? Русија ќе биде тука утре ако сите не го кренеме гласот.“ – Саломе Зурабишвили претседателка на Грузија.

само неколку часа откако беше избран за премињер, првиот човек на владеачката партија, грузиски сон, Иракли Кобахиџе, порача дека земјата се повлекува од преговорите со ЕУ поради „уцени и манипулации од одредени европски политичари и бирократи. Во следните четири години нема до дозволи земјата да добие никакви средства од Европската унија.

– Европската Унија бара од Грузија не само да направи реформи туку и да преземе чекори кои ќе значат отфрлање на нашето достоинство. Ова значи и повлекување на некои веќе донесени закони. Во ЕУ, можеме да влеземе само достоинствено.“ – Иракли Кобахиџе премиер на Грузија.

Грузиската полиција пка мораше да употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои излегоа на улиците на Тбилиси по последната одлука на владата. Во немирите кои избија, приведени се преку 50 лица а 32 полицајци се повредени.

„Тие одат спроти волјата на народот и сакаат пак да бидеме дел  од Советсдкиот сојуз…Но тоа нема никогаш да се случи бидејќи грузијците никогаш нема да дозволат да се случи тоа…“ – жител на Грузија.

„Денеска одучија да го поништат целиот наш напредок во изминативе 30 години. Нема да им дозволиме да го направат тоа.“ – жител на Грузија.

Од Европската унија пак велат дека одлуката на грузиските власти, не ја одразува волјата на народот. На последниот референдум кој беше организиран во земјата, Околу 80 отсто од грузијците порачаа дека ја поддржуваат интеграцијата во ЕУ, што е и уставно загарантирана цел на земјата.

„Она што вчера се случи е во спротивност со политиката на претходните грузиски влади и со желбите на големото мнозинство граѓани.“ – Павел Херчински претставник на Европската Унија во Грузија.

Повеќе од 100 грузиски дипломати потпишаа отворено писмо во кое ја осудуваат одлуката на грузиската влада за замрзнување на преговорите за членство во ЕУ до 2028 година. Досега, писмото го потпишале 114 службеници на Министерството за надворешни работи, кои работат во Грузија и дипломатските мисии во странство.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

НРБМ ги предупредува граѓаните да внимаваат каде купуваат на “Блек фрајдеј”

Следно

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

Latest from Blog

Марјан Ѓорчев во Отворено: Извештајот говори и дека уставните измени треба да се спроведат

Поранешниот пратеник Марјан Ѓорчев во Отворено рече дека изјавата дека македонискиот јазик е цементиран не е точна. Според него за да македонскиот стане официјален јазик во ЕУ треба да биде објавен во

Претседателот Ердоган се сретна со американскиот претседател Трамп

ХАГ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, известува Анадолу. Претседателите Ердоган и Трамп се сретнаа по ручекот што го приредија холандскиот крал Вилем-Александар

Прекин на огнот меѓу Иран и Израел – до кога ќе трае?

Иранскиот Врховен совет за национална безбедност соопшти дека е донесена „национална одлука за прекин на огнот“ против, како што го нарекуваат, „ционистичкиот непријател и неговите поддржувачи“. Во соопштението се наведува дека иранските

Ѓорчев во Отворено: Извештајот говори и дека уставните измени треба да се спроведат

Поранешниот пратеник Марјан Ѓорчев во Отворено рече дека изјавата дека македонискиот јазик е цементиран не е точна. Според него за да македонскиот стане официјален јазик во ЕУ треба да биде објавен во

Муцунски во интервју за ТВ21: Бугарија навлезе во руски наратив кој има цел дестабилизација на регионот

НАТО постои веќе повеќе од 75 години и никогаш порано немало сомнение дека сојузниците можат да сметаат едни на други. Сè до сега. Американскиот претседател Доналд Трамп отворено шпекулира дека земјите-членки на
Go toTop