Ново издание на 360°: Зошто граѓаните да веруваат во „брза патека за ЕУ“ по сите изневерени очекувања?

May 27, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 26 мај 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваше министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи

Со шефот на дипломатијата и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, разговараме за наводите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека партнерите во Владата договараат редефинирање на државата. Спротивно на ова се критиките од кругови во албанската заедница за информациите од работната група за уставни измени дека замена на „20 отсто“ со „албански јазик“ нема да биде на дневен ред. Османи го прашуваме и дали се опција избори наесен ако не се стигне до двотретинско мнозинство во парламентот и зошто граѓаните сега треба да веруваат дека се отвора „брза патека кон ЕУ“ (поради Украина) по сите изневерени очекувања. Тема се и проблемите во областите на владеење на правото, ефикасност и независност на правосудството, борбата против корупцијата. Со Османи разговаране и за превирањата во ДУИ и издржаноста на ставот на раководството предводено од Али Ахмети дека со напуштање на состанокот на 1 април дел од фракционерите се „самоисклучиле“ од партиските органи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО) По вчерашните тензии, на северот на Косово утринава е мирно

Следно

Во Туркије утре се одржува вториот круг претседателски избори

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop