Ново издание на 360°: Гордана Јанкулоска – меѓу вината, каењето и обесправеноста

April 1, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 31 март 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваше Влатко Илиевски, адвокат и сопруг на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска (за случајот ,,Тенк”) и ексградоначалникот на Битола, Владимир Талевски, (за случајот ,,Транспортер”) се единствените високи функционери од периодот кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ што досега завршија со ефективна затворска казна. Никола Груевски побегна, Сашо Мијалков е затворски турист во Струга, а предметите за други обвинети од тој период талкаат по судските лавиринти. Дали кај Јанкулоска има чувство, од една страна, на обесправеност, а од друга, на каење затоа што до крај му остана верна на Груевски иако прислушуваните разговори покажаа дека била длабоко свесна дека нешто не е во ред со системот чиј дел беше и таа? Ова се дел од прашањата за кои разговараме со Влатко Илиевски, адвокат и сопруг на Гордана Јанкулоска. Тема се и нејзината психофизичка состојба, контактите со Катица Јанева во ,,Идризово”, мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дека Јанкулоска е дискриминирана, одлуката на ЕСЧП во Стразбур…

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Три бои Америка

Следно

САД: Најмалку три лица загинаа од торнада во сојузната држава Арканзас

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop