Нов Зеланд доби нов премиер

January 25, 2023
1 min read

Новиот премиер на Нов Зеланд, Крис Хипкинс доаѓа на местото на досегашната премиерка Џасинда Ардерн, која минатата недела ја изненади јавноста објавувајќи дека си поднесува оставка, велејќи дека нема повеќе сила да продолжи со својата работа

Досегашната премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, вчера официјално беше сменета од премиерската функција, откако минатата недела изненадно најави дека остстапува од позицијата.

Новиот премиер Крис Хипкинс (44) положи заклетва кај генералниот гувернер на Нов Зеланд за време на церемонијата во главниот град Велингтон.

„Ова е најголемата привилегија и одговорност во мојот живот. Возбуден сум за предизвиците што претстојат“,

изјави Хипкинс по официјалното преземање на функцијата.

Крис Хипкинс / Фото: EPA-EFE/BEN MCKAY AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Хипкинс ќе биде премиер до следните општи избори во Нов Зеланд закажани за 14 октомври 2023, за кога прогнозите се дека на Лабуристичката партија ќе ѝ биде тешко да освои уште еден, трет последователен мандат, за да ја предводат владата пред конзервативната Национална партија.

Хипкинс првпат беше избран за пратеник во 2008 година, а во јавноста стана познат кога беше именуван за министер за ковид-19 во ноември 2020 година.

Сега веќе експремиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн (42), минатата недела рече дека нема повеќе сила да ја продолжи својата работа, откако ја водеше земјата во период кога се соочи со природни катастрофи, пандемијата на коронавирусот и најтешкиот терористички напад.

Таа го имаше својот последен јавен настап како премиер во средата, излегувајќи од препознатливата зграда на парламентот додека стотици граѓани ѝ аплаудираа.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Г7 и партнерските земји ветија дека ќе ја продолжат поддршката за енергетскиот сектор на Украина

Следно

Денеска ќе се дарува крв во чест на роденденот на нашиот Тоше

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop