Нетанјаху: Израел размислува да ја снабди Украина со системот „Железна купола“

February 5, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Израел ја разгедува можноста за снабдување на Украина со својот најсовремен противракетен одбранбен систем „Железна купола“, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Анадолу.

„Прашањето за испорака на оружјето беше разгледано и одбиено од претходната израелска Влада. Ќе го разгледам ова прашање и ќе одговорам на најадекватен начин“, изјави Нетанјаху во интервју за францускиот канал LCI.

Тој, сепак, нагласи дека Израел мора да ги разгледа своите опции и да ги земе предвид своите интереси во регионот.

„Придонесот на Израел веројатно ќе биде во други области“, додаде израелскиот премиер.

Нетанјаху објасни дека Израел ѝ пружил хуманитарна помош на Украина и прифатил голем број украински бегалци.

Нетанјаху за време на неговата изборна кампања вети дека ќе размисли за испорака на оружје за Украина доколку биде избран.

Минатата година, Русија започна војна против Украина, што беше дочекано со меѓународен гнев, поради што Европската Унија, Г-7, САД и Велика Британија, меѓу останатите, воведоа строги санкции за Москва.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Како идеолозите се инфилтрираа во американската уметност

Следно

Киев: Руската војска регрутира жени од казнените колонии во Доњецката област

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop