Нема ниту една пријава до Обвинителството за кривични дела поврзани со изборите

1 min read

Ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите нема пристигнато денеска на адреса на Јавното обвинителство, соопштија од ЈОРСМ.

Оттаму потенцираат дека согласно информациите од обвинителствата ширум државата изборниот ден помина мирно и без нарушувања на процесот.

„Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите. Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, изборниот ден во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија помина мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Не се забележани посериозни инциденти кои би имале обележја на кривично дело против изборите и гласањето или други кривични дела кои би го загрозиле изборниот процес“, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Извор: alsat.mk

Претходно

Гвардиола: Имавме многу проблеми со повреди на важни играчи, но се уште се бориме

Следно

Заврши гласањето, почнува броењето

Latest from Blog