Неколку прекршувања со фотографирање на гласачки ливчиња, информира МВР

1 min read

Во текот на денешното гласање, покрај настаните кои беа соопштени на прес конференцијата на помошникот министер за односи со јавност Тони Ангеловски, од страна на МВР регистрирани се и неколку други случаи на изборни прекршувања.

Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место  број 1602 С.А. од с.Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Околу 12.15 часот е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица. Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче.

За сите овие случаи на фотографирање на избирачки ливчиња МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.  

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Објавена долгорочната прогноза за летото: Топлиот циклус забрзано опаѓа, доаѓа ладниот

Следно

ИСКРА ГЕШОСКА МЕЃУ ТРИ ДОБИТНИЦИ ОД СВЕТОТ НА ГЕТЕ МЕДАЛ ЗА ПРИДОНЕС ВО КУЛТУРНА РАЗМЕНА

Latest from Blog