Неколку лица загинаа и најмалку 13 ранети во терористички напад во Дагестан

June 23, 2024
1 min read

Вооружени напаѓачи вчера отворија оган врз синагога, православна црква и полициска станица во рускиот северен кавкаски регион Дагестан, при што убиле најмалку три лица, меѓу кои и двајца полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи на регионот.

Во нападите се ранети 13 лица, јавија руските медиуми повикувајќи се на изјави на претставници на Министерството за внатрешни работи.

Офицер и свештеник биле убиени во напад во синагога и црква во Дербент, дом на древна еврејска заедница во Јужен Кавказ. Синагогата била опожарена по нападот. Напаѓачите потоа побегнале со автомобил.

Полицаец е убиен во размена на оган во полициска станица во градот Махачкала, околу 125 километри северно долж брегот на Каспиското Море и главниот град на Дагестан, претежно муслимански регион во јужна Русија.

Престрелки се регистрирани и на улици во Махачкала.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Германија се спаси во финишот од мечот со Швајцарија

Следно

ЦУК: Во невремето во Скопје блокирани улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, поплавени куќи и други штети

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop