НАЦИЈА, ИДЕНТИТЕТ, СЕЌАВАЊЕ СЕ КЛУЧНИ ТОЧКИ ВО ИЗЛОЖБАТА ЗА 120 ГОДИНИ ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА

2 mins read

Нација, идентитет, сеќавање и регион се клучните историографски концепти во изложбата за одбележувањето на 120 години од Илинденското востание, вели Даниела Николова, директорка на Музејот на македонската борба. Годинава се навршуваат 120 години од Илинденското востание, настан кој е од исклучително значење за градење на македонската државност и самостојност.

Николова вели дека историските музеи, најчесто како државни институции, ја содржат (а не ретко изложуваат) историјата на општествените и социолошките поимања за музејските артефакти, историските настани и фигури.

На национално ниво, пак, историските музеи во многу што го подржуваат процесот на градење нација и низ историјата преставувале платформа за конституирање на некои доминантни национални вредности и нарации.

„Интегралноста на македонската борба за самостојност како кураторска тема е нужно подложна на две клучни поттеми врската меѓу македонското градење држава и нација и регионалните текови. Тоа значи дека преставувањето на историските процеси најпрво треба да се прикажат на светско, потоа на регионално ниво и потоа да се објаснат историските процеси и настани кај нас, кој ќе го потенцираат македонското градење држава и нација и да се истакне неговата посебност, специфичност и подробност“, вели Николова.

„Во оваа фаза спроведуваме кабинетски и теренски истражувања, проектот го водат стручен тим од музејот, во соработка со неколку институции и соработка со надворешни експерти“, вели Николова. (Фото: СДК.МК)

Николова вели дека Илинден е темелник на државноста и ќе постават неколку клучни главни теми – Борба за слобода, Демократски цели, Крушевски манифест, Прва Република на Балканот и Влада на Крушевската Република.

„Во оваа фаза спроведуваме кабинетски и теренски истражувања, проектот го водат стручен тим од музејот, во соработка со неколку институции и соработка со надворешни експерти“, вели Николова за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Николова потенцира дека и оваа година Музејот продолжува со измените и дополнувањата на музејската поставка, поставувајќи јасен наратив, тематски одредници, насоки на движење, објаснувања историски процески, личности, но првично ја раскажуваат поставката преку музејските артефакти кои се важни во презентирањето и правилно поставување во просторот.

„Поставката во делот на илинденскиот и по илинденскиот период ќе биде поткрепена со наратив, реорганизирање и поставување на хронолошките историски настани, започнавме со процес на конзервација и опфаќаме теми кои се клучни, а земајќи ги во предвид едукаторските програми и работилници кои ги организираат едукаторите во музејот. Музеите имаат правила во поставувањето и изложувањето на музејските материјали и артефакти, секој артефакт треба да биде заштитен и поставен во витрина. Амбиентите се секундарни и тие само го објаснуваат историскиот настан. Во рамките на измените и дополнувањата на поставката ќе бидат јасно поставени нарации, објаснувања на артефакти и историски процеси“, вели директорката на Музејот на македонската борба.

Музејот како понова институција стреми кон збогатување на музејските збирки со нови предмети, документи и фотографии, кои се неопходни за дополнување на поставката. Само за неполни две години имаат донации од семејства, лични донации, кои се од исклучително значење за збогатување на музејскиот фонд.

„Истовремено ја враќаме и довербата кај граѓаните за значењето на музејските институции во делот на грижата и промоцијата на културното и историското значење , всушност и каква што улога имаат музеите“, додава Николова.

Б. НЕСТОРОСКА

 

ИЗВОР: sdk.mk

Претходно

Полна месечена на небото над Скопје

Следно

Турски МИТ во Ирак го неутрализираше лидерот на специјалните сили на терористичката организација ПКК/КЏК

Latest from Blog