Турски МИТ во Ирак го неутрализираше лидерот на специјалните сили на терористичката организација ПКК/КЏК

1 min read

АНКАРА (АА) – Националната разузнавачка организација на Туркије (МИТ) го неутрализираше Ејваз Бејаз, со кодно име „Зердест Карадениз“, лидер на специјалните сили на терористичката организација ПКК/КЏК, во ирачкиот регион Духок/Гара, известува Анадолу.

Според безбедносните извори, терористот Бејаз, кој ѝ се приклучил на терористичката организација во 1994 година, е извршител на напад врз жандармеријата во округот Герзе во турската област Синоп на 27 октомври 2010 година. Учесник е и во нападот врз полициско возило во квартот Бојабат во Синоп на 6 април, како и во бомбашкиот напад извршен на 26 јуни 2012 година врз жандармеријата во округот Дузкој во Трабзон.

Интерпол го стави овој терорист на црвена потерница, а Бејаз се наоѓаше и на сивата листа на терористи објавена од турското Министерство за внатрешни работи.

Терористот Бејаз е неутрализиран во операција на турскиот МИТ во регионот Духок/Гара.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и во САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија над 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

НАЦИЈА, ИДЕНТИТЕТ, СЕЌАВАЊЕ СЕ КЛУЧНИ ТОЧКИ ВО ИЗЛОЖБАТА ЗА 120 ГОДИНИ ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА

Следно

Најмалку шестмина загинати и девет повредени во руските напади на украинските градови Харков и Херсон

Latest from Blog