Настанот кој ќе ја одбележи оваа пролет: Бајага и „Инструктури“ во сабота во ноќниот клуб „Pure“

1 min read

Неколку денови, по официјалното претставување на новите членови на „Инструктури“, Бајага со својата екипа овој викенд доаѓа во Скопје за да настапи пред скопската публика. Настанот е закажан за оваа сабота, со почеток од 21 часот во ноќниот клуб „Pure“.

Новиот состав на бендот носи и нова енергија која публиката ќе има можност да ја почувствува во убава и интимна атмосфера.

Скопската публика овој викенд ќе има неповторлива можност да ги слушне големите хитови, како  “Moji drugovi”,  “Vesela pesma”, “Plavi safir”,  “Godine prolaze”, “Život je nekad siv, nekad žut” и многу други. И заедно со најголемите хитови во друштво на Бајага и „Инструктури“ да се наврати на убавите моменти од младоста.

Се гледаме на настанот кој ќе ја одбележи оваа пролет во Скопје. Инфо и резервации на телефонскиот број: 071/649-683

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Трамп ја напушти судницата на Менхетн, не даде изјава и замина за Флорида

Следно

Адвокатите Бланч и Такопина: Трамп беше фрустриран, нервозен и депримиран, но ова нема да го обесхрабри

Latest from Blog