Адвокатите Бланч и Такопина: Трамп беше фрустриран, нервозен и депримиран, но ова нема да го обесхрабри

April 4, 2023
1 min read

Запрашан како се чуствувал експретседателот во судницата кога го слушнал обвинението, адвокатот Бланч изјави „што мислите, како се чувствуваше? Беше фрустриран, вознемирен и разочаран“

По завршувањето на првото рочиште од судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по обвинението за фалсификување деловни книги и заговор, неговите адвокати Тод Бланч и Џозеф Такопина, пред судот изјавија дека „денеска е тажен ден за нашата земја, затоа што на поранешен претседател му се суди за политичко прашање“.

„Вие не го очекувате ова во оваа земја, не очекувате ова да му се случи на поранешниот претседател“,

рече адвокатот Бланч.

Запрашан како се чуствувал експретседателот во судницата кога го слушнал обвинението, адвокатот Бланч изјави „што мислите, како се чувствуваше? Беше фрустриран, вознемирен и разочаран“. Но, додаде, дека поранешниот претседател „нема да биде обесхрабрен од ова“.

Адвокатот Такопина изјави дека тие како одбрана биле „изненадени што немаше докази“.

Правниот тим на Трамп беше запрашан од мноштвото новинарски екипи и зошто експретседателот во неговата денешна електронска порака упати навредливи зборови за судијата и неговото семејство.

Американската телевизија Ен-би-си наведе дека во судницата Трамп, наводно, бил предупреден од судијата Хуан Мерчан за тоа што го кажува и објавува на социјалните мрежи.

Попладнево, пред почетокот на судењето, Трамп од својот дом во кулата „Трамп“, го обвини судијата и неговото семејство дека се „мразачи на Трамп“.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни како невин во судот во Менхетен, каде што по неговото формално апсење му се суди за 34 точки од обвинението, јавија американските медиуми. Трамп е обвинет дека ѝ платил на порноѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нејзината врска со него пред неговата претседателска кандидатура во 2016 година.

Следното рочиште на судењето на Трамп е закажано за 4 декември.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Настанот кој ќе ја одбележи оваа пролет: Бајага и „Инструктури“ во сабота во ноќниот клуб „Pure“

Следно

Објавено е целото обвинение за Трамп

Latest from Blog

БЛОКИРАНИ СМЕТКИТЕ НА КОМАПНИИ НА ТРАМП! Се сомневаат дека се переле пари

Финансиската корпорација „Капитал уан“ (Capitol One) во петокот одговори на тужбата поднесена против неа од страна на Организацијата Трамп за затворање на банкарски сметки во постапка почната пред неколку години. Банката објасни

Мурињо е против: Нови моменти околу најавениот трансфер на Винисиус во Арсенал!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Една од најголемите трансфер саги ова лето се однесува на Винисиус Жуниор и неговиот потенцијален трансфер од Реал Мадрид во Арсенал. Сега се појавија нови детали околу трансферот на Бразилецот во

Левица: АСНОМ е стандардот по кој ќе се мери секоја наредна генерација

Делегација на Левица, предводена од потпретседателот на партијата и пратеник Реџеп Исмаил, денеска положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на Илинден. Во делегацијата беа и

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денес Македонија ја градиме со проекти, автопати и железници

Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол
Go toTop