Насер Нуредини од ДУИ си оди, Каја Шукова – кандидатка на СДСМ за министерка за животна средина

February 10, 2023
1 min read

Шукова, која е инженер технолог, е во овој ресор од 1998 година, а во моментов е на позицијата државна секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање

Со реконструкцијата на Владата и ротацијата на ресори поради влезот на Алијанса за Албанците, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе му припадне на СДСМ, дознава „360 степени“. Заминува досегашниот шеф во овој ресор Насер Нуредини, кадар на ДУИ, а за нова министерка за животна средина ќе биде предложена Каја Шукова, актуелна државна секретарка во овој ресор.

Меѓу кандидатите за ова место се споменуваше Пеце Мирчевски, директор на владината Служба за општи и заеднички работи, но изборот на крајот паднал на Шукова.

Каја Шукова

Шукова во ресорот е од 1998 година во тогашното Министерство за градежништво, урбанизам и животна средина, во 1999 година работи во одделението за екоменаџмент, во 2000 г. е дел од Секторот за меѓународна соработка, истата година доаѓа во Секторот за одржлив развој, а во 2001 година е и негов раководител и на таа позиција останува до 2020 г. Потоа е назначена за државна секретарка. Таа е дипломиран инженер технолог на Технолошко–металуршкиот факултет Скопје.

Актуелно раководство на Министерството за животна средина и просторно планирање

Синоќа Централниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за окрупнување на владејачкото мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата.

Претходно, Централното претседателство на Алијанса за Албанците одлучи да биде дел од Владата. Нивниот лидер Арбен Таравари изјави дека ги добиле министерствата за правда и за здравство, вицепремиерско место (или Министерството за информатичко општество и администрација), двајца заменик-министри во Одбрана и во Земјоделство, како и неколку директорски позиции.

Потврда за другите кадровски решенија во предлогот за реконструкција на Владата се очекува во текот на денот. Изборот во Собранието на новите членови на Владата се очекува в понеделник.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Археолошкиот локалитет Влахо оштетен при ископување јаглен од рудникот „Живојно“, алармираа археолози

Следно

Турскиот претседател продолжува со посетата на областите погодени од земјотресот

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop