Нападнат тренерот на ФК Беласица, се огласија од клубот

March 8, 2023
1 min read

Од фудбалскиот клуб Беласица попладнево соопштија дека нивниот тим и членови на стручниот штаб се физички и вербални нападнати на стадионот на Фортуна од Сингелиќ каде требаше да го играат натпреварот со Локомотива Пехчево.

-Скандал пред почетокот на натпреварот од Втората македонска фудбалска лига ФК Пехчево Скопје – ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!!!

Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот! – стои во објавата на Беласица.

Натпреварот требаше да се игра од 14 часот и според најавите од гостинскиот табор, фудбалерите на Беласица одбиваат да истрчаат на теренот под вакви околности.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бугарија и натаму со најголема смртност во ЕУ

Следно

Германската Влада предупредува на „избрзани заклучоци“ за експлозиите на „Северен тек“

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не
Go toTop