Германската Влада предупредува на „избрзани заклучоци“ за експлозиите на „Северен тек“

1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германија предупреди на „избрзани заклучоци“ во врска со експлозиите на гасоводот „Северен тек“ и ја повика јавноста да го чека резултатот од официјалната истрага, јавува Анадолу.

Министерката за надворешни работи, Аналена Баербок, за новинарите изјави дека внимателно ги следат неодамнешните медиумски извештаи за можните предизвикувачи на експлозиите, но таа исто така повика на претпазливост.

„Прво треба да се почека резултатот од истрагата од надлежните органи. Како влада, можеме да направиме проценка врз основа на овие наоди, не можеме да извлекуваме избрзани заклучоци од медиумските извештаи“, рече таа за време на нејзината посета на Ербил, северен Ирак.

Германските медиуми вчера објавија дека истражителите откриле докази кои покажуваат дека проукраинска група стои зад саботажата на гасоводите „Северен тек“ минатата година.

Групата, составена од пет мажи и една жена, отпатувала во северниот германски град Росток во септември 2022 година, изнајмила јахта користејќи лажни пасоши и ги саботирала гасоводите „Северен тек“, објавија јавниот радиодифузен сервис „АРД“ и дневниот весник „Ди Цајт“.

Јахтата користена во операцијата била изнајмена од компанија со седиште во Полска, која очигледно била во сопственост на двајца Украинци, велат истражителите.

Осомничените користеле професионално фалсификувани пасоши, а германските власти се уште не можеле да го потврдат нивниот вистински идентитет и националност.

Истражителите при вештачењето пронашле траги од експлозив во кабината на јахтата.

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак негираше било каква вмешаност во експлозиите на гасоводот Северен тек по неодамнешните извештаи во медиумите.

„Украина нема никаква поврзаност со несреќата во Балтичкото Море и нема информации за „проукраински диверзантски групи““, напиша тој на Твитер.

Гасоводите „Северен тек“ беа саботирани во септември минатата година, а експлозиите предизвикаа голема штета на гасоводите што ги поврзуваат Русија и Германија преку Балтичкото Море.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Нападнат тренерот на ФК Беласица, се огласија од клубот

Следно

Улични кучиња каснале две жени во Скопје

Latest from Blog