Најмалку 41.965 жртви во израелската геноцидна војна во Газа

October 8, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку уште 56 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади во Појасот Газа, со што билансот на жртви од 9 октомври минатата година достигна 41.965, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека досега во нападите повредени се најмалку 97.590 Палестинци.

„Израелските сили убија 56 лица и повредија 278 во три масакри на семејства во последните 24 часа“, истакна Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Не почитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израелската офанзива го расели речиси целото население во Појасот Газа, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДОАЃА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Петок неработен ден за сите граѓани

Следно

Дешам: Погба многу го сака фудбалот

Latest from Blog

СДСМ: Владината мерка за објавување цени на веб-страници е нефункционална и бесмислена

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја критикува владината мерка со која маркетите се задолжени да ги објавуваат цените на своите производи на веб-страници, оценувајќи ја како нефункционална и „целосно неупотреблива алатка“. „Откако

Почина Тоше Поп Симонов – долгогодишен музички автор и продуцент

Познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов почина денеска, а зад себе остави плодна и значајна кариера во македонската и регионалната музичка сцена. Во текот на својата работа, Поп Симонов соработуваше

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОМПОЗИТОР И МУЗИЧКИ ПРОДУЦЕНТ ТОШЕ ПОП-СИМОНОВ

Тоше Поп-Симонов, еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика, почина на 63 години. Поп-Симонов ја почна својата музичка кариера во 1980-тите, при што беше еден од основачите и
Go toTop