АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу.
Во воздушен напад во западниот дел на градот Газа убиени се мајка и нејзините три деца.
Во источниот кварт Ал-Туфа на градот Газа убиени се четири жени, а уште десет цивили се повредени од израелска ракета која погоди куќа во близина на училиштето Јафа.
Уште двајца цивили се убиени во близина на Шеик Радван во градот Газа во израелскиот напад врз станбен објект.
Во централниот дел на Појасот Газа убиено е едно дете, а неколкумина се повредени при бомбадирање на куќа во близина на училиштето Ал-Хасаина, западно од бегалскиот камп Нусејрат.
Локалните извори соопштија дека израелски дрон нападнал шатор во областа Ал-Мансура, во Деир ал-Балах, каде се засолнети раселените палестински семејства. Во нападот се убиени четири членови на едно семејство, вклучувајќи две деца.
Спасувачки екипи во Хан Јунис пронашле тела на две жртви. Пријавени се и други жртви, но нивните локации не се објавени.
Израелската армија го одбива меѓународниот повик за прекин на огнот и ја продолжува бруталната офанзива врз Појасот Газа што ја започна на 7 октомври 2023 година. Во нападите на Израел врз Газа досега се убиени повеќе од 57.800 Палестинци, најмногу жени и деца. Постојаното бомбардирања ја уништија палестинската енклавата, а блокадата дополнително го зголеми недостигот на храна и ширењето на болести.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.
Извор: Anadolu Agency (AA)