Најмалку 19 загинати во експлозија во џамија во Пакистан

1 min read

Спасувачите се обидуваат да ги отстранат куповите остатоци од џамијата и да стигнат до верниците кои сè уште се заробени под урнатините, соопштуваат од полицијата

ФОТО: EPA-EFE/BILAWAL ARBAB

Во експлозија во џамија загинаа 19 верници, а десетици се ранети во северозападниот пакистански град Пешавар, изјавија од болницата, пренесува Ројтерс.

„Експлозијата се случила во џамијата каде што се собрале голем број луѓе на молитва. Дел од зградата се урна и се верува дека неколку луѓе се под неа“,

изјави полицискиот претставник Сикандар Кан.

Мухамед Асим, портпарол на болницата „Лејди Ридин“г во Пешавар, изјави дека примиле 90 повредени, од кои некои се во критична состојба.

„Вашингтон пост“ пренесува дека бомбашот го активирал самоубиствениот елек додека околу 150 верници, вклучително и многу полицајци од блиските полициски канцеларии, се молеле внатре. Од експлозијата се урнал покривот на џамијата, при што многумина биле повредени.

„Спасувачите се обидуваат да ги отстранат куповите остатоци од џамијата и да стигнат до верниците кои сè уште се заробени под урнатините“,

соопшти полицијата.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Арсовска стави клуч на спортската сала во Ѓорче Петров, се тренира на отворено

Следно

Над 90 лица повредени во експлозија во џамија во Пакистан

Latest from Blog