Над 90 лица повредени во експлозија во џамија во Пакистан

1 min read

Најмалку 90 лица се повредени во денешната експлозија во џамија во северозападниот пакистански град Пешавар, соопшти локалната полиција.

Експлозијата се случила во џамија каде што голем број луѓе се собрале на молитва, изјави полицискиот претставник Сикандар Кан. – Дел од зградата се урнал и се верува дека неколку луѓе се под неа, додаде тој.

Мухамед Асим, портпарол на болницата Лејди Ридинг во Пешавар, рече дека примиле 90 повредени, а некои се во критична состојба.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Најмалку 19 загинати во експлозија во џамија во Пакистан

Следно

Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров тренираат по улици и паркинзи, откако Арсовска стави клуч на спортската сала!

Latest from Blog