Над 1.760 загинати, 12.068 повредени во разорните земјотреси во јужна Туркије

1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 1.762 лица загинаа, а 12.068 се повредени во 10 турски области во двата силни земјотреси кои ја погодија јужна Туркије, јавува Анадолу.

Рано утрово, силен земјотрес со јачина од 7,7, со епицентар во округот Пазарџик, го стресе Кахраманмараш и областите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис.

Подоцна, во 13.24 часот по локално време, земјотрес со јачина од 7,6 степени со епицентар во областа Елбистан во Кахраманмараш го погоди регионот.

Орхан Татар, генерален директор при Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД), рече дека во земјотресите се урнале вкупно 5.606 згради.

Татар истакна дека 6.800 луѓе се спасени од урнатините.

Речиси 9.700 лица се распоредени во акциите за пребарување и спасување во регионот, според АФАД.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање по земјотресот рече дека Туркије е потресена од најголемата катастрофа по земјотресот во Ерзинџан во 1939 година.

Туркије објави тревога од 4. ниво, која вклучува повик за меѓународна помош, се истакнува во соопштението на АФАД.

По консултациите со турското Министерство за надворешни работи, АФАД, исто така, објави дека била побарана меѓународна помош преку Координативниот центар за одговор при итни случаи (ERCC).

Покрај спасувачките екипи, во регионот се испратени и ќебиња, шатори, храна и тимови за психолошка помош.

По земјотресот, Турските вооружени сили воспоставија воздушен коридор за помош, за транспорт на тимовите за пребарување и спасување во регионот.

Поради разорните земјотреси во земјата е прогласена седумдневна национална жалост, потврди турскиот претседател Ердоган:

„Поради земјотресот во Туркије прогласена е национална жалост во траење од седум дена“, наведе Ердоган и додаде: „Нашето знаме ќе биде спуштено на половина копје во сите наши претставништва во земјата и во странство до зајдисонце во недела, 12 февруари.“

По земјотресите, пораки со сочувство и солидарност со Туркије пристигнаа од целиот свет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Вечерва во 360°: Пушењето аут, вејпањето ин – како шарените електронски цигари го наоѓаат патот до малолетниците

Следно

„Новости.рс“ дознава дека Вучиќ е подготвен да оди на избори како каднидат за премиер

Latest from Blog