На Инзаги сеедно му е со кого ќе се соочи во финалето на ЛШ

1 min read

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше за противникот во финалето на Лигата на шампионите. Неговиот тим синоќа го победи Милан со 1:0 и со вкупни 3:0 избори финале во елитното фудбалско натпреварување.

– Реал Мадрид и Манчестер сити се двете најдобри екипи во Европа. Среќен сум за нас. Со големо внимание ќе го гледам реваншот, но немам посебна желба за тоа кој да ни биде противник.

Ривалот на Интер во финалето ќе биде одреден вечер во пресметката меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид (почеток 21 часот). Првиот натпревар заврши нерешено – 1:1.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Украина тврди дека ослободила 20 квадратни километри кај Бахмут

Следно

(ВИДЕО) Што со функционерите кои ги (зло)употребуваат возилата – интервју со вицепремиерката Славица Грковска

Latest from Blog