Украина тврди дека ослободила 20 квадратни километри кај Бахмут

May 17, 2023
1 min read

Тоа што украинските сили имаат напредок околу Бахмут, пак, и што толку многу месеци досега се борат за овој град, Малјар вели дека ја покажува силата на нашите борци и високиот степен на професионалност

Последните денови украинските сили ослободиле околу 20 квадратни километри територија од руската окупација кај источен Бахмут, тврди заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малјар.

Со тврдењата таа излезе на Телеграм наведувајќи дека кога станува збор за градот, руските сили донекаде напредувале внатре и оти тешките борби продолжуваат.

„Непријателот малку по малку напредува во Бахмут, целосно уништувајќи го градот со својата артилерија. Тешките борби продолжуваат со мешовити резултати. Во моментов, нашите војници даваат се од себе, дури и повеќе од тоа“,

вели заменик-министерката.

Тоа што украинските сили имаат напредок околу Бахмут, пак, и што толку многу месеци досега се борат за овој град, Малјар вели дека ја покажува силата на нашите борци и високиот степен на професионалност.

„Ќе потсетам дека непријателот има предност во бројот на луѓе и оружје. Во исто време, благодарение на акциите на нашата армија, непријателот од минатото лето не може да ги оствари своите планови во однос на Бахмут“,

вели Малјар.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барселона остана без уште еден директор во раководните структури

Следно

На Инзаги сеедно му е со кого ќе се соочи во финалето на ЛШ

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop