МВР заврши со проверките: Лажни се сите дојави за бомби

1 min read

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 средни и 22 основни училишта на подрачјето на Скопје, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од МВР.

Дојавите за бомби продолжија да пристигнуваат по почнување на второто полугодие во училиштата.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Град Скопје заврши со изградба на улицата „Христофер Жефаровиќ“

Следно

Лефков: Неизбраниот премиер во експозето најави поинаква дебата, а тука седи незаинтересирано, чита книга и слуша музика како во некој тропски бар

Latest from Blog