МВР со информации за регистрирани нерегулатности во предизборниот молк

May 8, 2024
3 mins read

Нерегуларности поврзани со предизборниот молк во тек на вчерашниот ден регистрира Министерството за внатрешни работи, а дел од нив сподели и техничкиот министер Панче Тошковски. 

-Во текот на вчерашниот ден имаме повеќе незаконски активности на територија на Република Македонија пријавени до МВР, изјави денеска Тошковски по гласањето во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар.

Тој информира за нерегуларности на територија на СВР Охрид, СВР Куманово, СВР Велес …

– Во рамки на СВР Охрид имаме констатирано незаконски дејствија од страна на два члена на избирачки одбори, кои ги злоупотребиле личните податоци на граѓаните. Злоупотребиле гласачки ливчиња на граѓаните, споделувале во групи, а притоа таквите незаконски активности биле користени за информирање на одредена политичка партија, кој го остварил правото на глас и за кого е остварено правото на глас, изјави Тошковски. За овој конкретен предмет, како што рече, се постапува во координација со надлежен јавен обвинител и се преземаат соодветни дејствија се со цел расветлување на случајот.

Незаконски активности имало на подрачје на СВР Куманово, односно во Крива Паланка каде имало поткуп на гласачи во интерес на одредена политичка партија. 

– На одредена бензинска пумпа се давани бонови кои се искористувани од страна на членови на одредена политичка партија, барем такви се изјавите кои се дадени, по упатства на претседателот на општинскиот огранок на предметната политичка партија. И во овој случај се постапува со упатства од страна на надлежен јавен обвинител и се преземаат мерки, појасни Тошковски.

По оперативни информации добиени од страна на СВР Велес, со наредба од јавен обвинител, извршен е претрес во рамки на домот на едено лице поврзано со одредена политичка партија. 

-Во неговиот дом се пронајдени повеќе пиштоли, кои се незаконски држени од него и пронајдени се околу 20.000 евра. Пронајдени се и списоци на луѓе кои, претпоставката е дека требало да бидат на незаконски начин внесени во рамки на одредени незаконски активности, односно да бидат поткупени со цел да го дадат правото на глас спротвно на нивната волја, информира Тошковски. Додаде дека за овој случај од судија на претходна постапка е изречена и најстрога мерка за обезбедување, поточно лицето е во притвор. 

Во текот на вчерашниот ден на територија на СВР Охрид, во градот Кичево биле забележани повеќе возила управувани од лица кои вршеле поткуп во интерес на одредена политичка партија. Тошковски додаде дека и за овој случај постапува МВР.

Тошковски информира и за случај во Неготино, во рамки на СВР Велес, каде пратеник од одредена политичка партија, искористувајќи одредени податоци кои треба да бидат тајни, односно податоци кои се однесуваат на средства доделени во рамки на ИПАРД програми, се јавувал кај луѓето кои биле корисници на такви средства.

-Притоа во текот на вчерашниот ден, кога требаше да имаме молк, влијаел на македонски граѓани да го дадат своето право на глас така како што тој сметал, а не како што тие сметаат дека треба да го остварат, рече Тошковски, додавајќи дека и за овој случај се постапува во координација со надлежен јавен обвинител. 

Од МВР преку соопштение информираат дека вчера (07.05.2024) Е.Д. од Крњево пријавил дека во домот дошле три лица од ДИК со цел неговиот дедо да оствари право на глас од избирачко место бр. 2828.

-Е.Д. се сомневал дека не биле лицата од ДИК бидејќи не биле претходно известени и требало да присуствуваат пет лица. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на настанот, се вели во соопштението. 

МВР информира дека вчера во координација со ОЈО Куманово преземени се активности во врска со  настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа.

-Извршен е претрес на простории на бензинската пумпа, каде во присуство на Ј.Ј. и М.Ѓ. биле пронајдени пет бонови за гориво во вредност од по 1.000 денари со втиснат датум од 08.05.2024 и еден бон за гориво во вредност од 2.000 денари, шест фискални сметки, а во торбата која ја носел вработениот пронајдени се два бона за гориво во вредност од по 1.000 денари и фискална сметка. Во просториите на ПС ОН Крива Паланка повикани се Б.С., С.М., М.Ѓ. и М.Д., сите од Крива Паланка поради извршување на службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението.

Вчера во 18:25 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, А.К. (24) од село Стримница пријавил дека се оштетени два банера со рекламен материјал од политичка партија кои биле поставени на кружен тек од улица „В.С.Бато“ со ул. „Маршал Тито“ во Тетово. 

Во полиција синоќа, во 22:10 часот, Ц.Т. од Неготино пријaвила кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“, извршено од Л.Р. од Неготино. Според пријавеното, околу 20.17 часот, Ц.Т. добила телефонски повик од Л.Р. за поддршка за гласање, на што Ц.Т. одговорила негативно. Потоа Л.Р. и нагласила на Ц.Т. дека имала земено ИПАРД поддршка, по што го прекинала повикот. .

Во непосредна близина на избирачко место 1180 во ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане забележани биле расфрлани летоци од политичка партија. Летоците, како што се наведува, се отстранети.

– Во текот на изборниот молк пријавени се и неколку случаи за наводно агитирање и нудење поткуп, но по преземени мерки од страна на полициските службеници тие наводи до сега не се потврдени, стои во соопштениет од МВР.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије и Кувајт потпишаа 6 договори за соработка

Следно

МИТ прекинува со бајките за диверзитетот

Latest from Blog

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство
Go toTop