Мурињо подготвен да ја напушти Рома поради ПСЖ или Реал Мадрид

May 8, 2023
1 min read

Пари Сен-Жермен е во контакт со Жозе Мурињо за можна идна соработка.

Според „RMC Sport“, спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, разговарал со Жорге Мендеш, агентот на тренерот, за договор ова лето. Преговорите се во напредна фаза.

Самиот Мурињо е свесен дека ќе биде тешко да се постигне посериозен успех во Рома и е подготвен да го напушти италијанскиот клуб за неколку екипи, меѓу кои и ПСЖ и Реал Мадрид.

Шеесетгодишниот Португалец е миленик на Кампос, се познаваат долго време. Воедно, се уште не е јасно што мислат за оваа кандидатура катарските сопственици на ПСЖ, кои неодамна меѓу себе разговараа за назначувањето на Тиаго Мота и Јулијан Нагелсман на тренерската позиција. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украина: Во руски напад на Киев погодена повеќекатница

Следно

Туркије: Приведени 33 хакери поврзани со терористичката организација ДХКП-Џ

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop