Мурињо останува во Рома

March 29, 2023
1 min read

Португалскиот тренер Жозе Мурињо донел одлука да го испочитува договорот со калчолигашот Рома кој истекува во јуни идната година, јавуваат денеска италијанските медиуми.

Мурињо седна на клупата на Рома во 2021 година, а дел од европските медиуми изминатиот период тврдеа дека Португалецот предвреме ќе го напушти римскиот клуб и оти може да биде нов тренер на ПСЖ или Њукасл.

Италијанските медиуми, меѓутоа, објавија дека Мурињо останува во Рома, истовремено барајќи од раководството засилување на играчкиот кадар за идната сезона.

Рома е петтопласирана во Серија А со бод помалку од Милан на четвртото место кое обезбедува настап во Лигата на шампиони за следната сезона.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Португалија ја суспендира програмата „Златни визи“

Следно

Вработените во Министерството за култура и денеска на протест, бараат средба со министерот за финансии

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop