Москва тврди дека соборила 24 украински дрона над повеќе руски региони

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Москва рано утрово објави дека соборила вкупно 24 украински дрона во три одделни напади во повеќе руски региони, пренесува Анадолу.

Првично, руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина се обидела да нападне цели во главниот град Москва, како и во регионите Тула, Калуга и Бријанск, при што системите за противвоздушна одбрана на земјата собориле 11 дронови.

Во друго соопштение се тврди дека системите за противвоздушна одбрана уништиле дополнителни девет дрона над истите четири региони.

Министерството подоцна соопшти дека уште четири дрона биле соборени над регионите Бријанск, Смоленск и Тула.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, преку Телеграм соопшти дека нема жртви во главниот град.

Во меѓувреме, руската државна новинска агенција ТАСС објави дека работата на аеродромите „Шереметјево“, „Домодедово“ и „Внуково“, сите во Москва, продолжила нормално откако претходно беа воведени ограничувања.

Но, во регионот Тула, на руската социјална мрежа ВК, е објавено дека едно лице е повредено од остатоците на соборен дрон.

Украинските власти сè уште не ги коментираа руските тврдења.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Демократски сојуз: Да се среди избирачкиот список

Следно

УХМР: Најмногу снег наврна во Дебар и Крушево, најладно е на Попова Шапка

Latest from Blog