Демократски сојуз: Да се среди избирачкиот список

1 min read

реклама


Демократскиот сојуз ги повикува сите државни институции навреме да го средат избирачкиот список, односно да го прочистат од „фиктивни гласачи“.

„Во оваа насока посебно ја нагласуваме одговорноста на Државната изборна комисија, како и на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда.

реклама

Прочистувањето на избирачкиот список од можни фантомски гласачи, потоа од гласачи кои се иселиле од Македонија односно немаат постојано живеалиште во државата, како и од сите оние кои го изгубиле законскиот основ да бидат на избирачкиот список е законска обврска на ДИК.

Согласно објавените резултати од пописот во 2021 година вкупниот број на население во Македонија изнесува 1. 836.713, додека на избирачкиот список се запишани 1.824.864 гласачи (Список на гласачи за локалните избори -2021).

реклама

Нелогичностите се очигледни и ако се додадат и над 260 илјади државјани на Македонија кои живеат во странство“, велат од партијата.

реклама



Претходно

ОН: Речиси 250 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа за време на прекинот на огнот

Следно

Москва тврди дека соборила 24 украински дрона над повеќе руски региони

Latest from Blog