Моравјецки: Варшава е подготвена да ги обучува украинските пилоти за летање со борбени авиони Ф16

1 min read

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки за време на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Варшава е подготвена да ги обучува украинските пилоти за летање со борбени авиони Ф16.

Сепак, тој додаде дека тоа треба да се направи во рамките на една поширока меѓународна коалиција, пренесе „Киев индепендент“.

„Полска е подготвена да спроведе таква обука. Многу е важно небото над Украина повторно да биде безбедно“, рече Моравјецки.

Моравјецки е во Киев на денот на годишнината од рускиот напад врз Украина.

Претходно, Варшава соопшти дека нејзините тенкови „Леопард 2“ веќе се му се испорачани на Киев.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Ердоган телефонски разговараше со Путин: Во Украина треба да се воспостави праведен мир

Следно

Голем број на родители завршија на суд бидејќи не ги вакцинирале своите деца, еве со какви казни се соочуваат

Latest from Blog

Мишел ќе влегува од клупа?

Информацијата на Шпигел е дека Демократската партија размислува околу опцијата Бајден да ја објави својата одлука