Момчето кое го изврши масакрот во Белград е негативно на тестот за дрога

May 4, 2023
1 min read

Ученикот беше тестиран за да се утврди дали бил под дејство на дрога или некоја психоактивна супстанција

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Резултатот од токсиколошкиот наод на 13-годишното момче, кое вчера во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград уби девет лица (чуварот и осум ученици), е негативен, објави денеска адвокатката Ирина Боровиќ во изјава за новинската агенција Танјуг.

Примероци за да се направат анализите од момчето беа земени вчера вечерта со цел да се утврди дали бил под дејство на психоактивни супстанции во моментот кога го изврши масакрот.

Покрај деветмината убиени, момчето вчера рани и седум други лица – шест ученици и наставничката по историја.

По повод трагедијата, во училиштето денеска беше најавено дека ќе се отвори Книга на жалоста.

Околу училиштето, пак, од вчера граѓани положуваат цвеќиња и палат свеќи. Исти сцени во кои граѓани им одаваат последна почит на убиените денеска можеа да се видат и на други локации во Белград и во други градови низ Србија, но и од регионот, како на пример, во Загреб и Сараево.

*Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Како Судскиот совет се сокри од јавноста „за да најде излез“ од ќорсокакот?

Следно

Деко меѓу кандидатите за спортски директор на Барселона

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop