Молдавија вчера накратко го затвори својот воздушен простор

February 15, 2023
1 min read

Новинската агенција Ројтерс јави дека источноевропската земја го затворила звојот воздушен простор во вторникот за да ги истражи извештаите за постоење на објект на небото, налик на балон

Затворањето на воздушниот простор доаѓа откако молдавската претседателка вчера ја обвини Русија оти планира да ја собори владата на Молдавија користејќи саботери од други земји како Србија, Црна Гора и Белорусија

Воздушниот простор над Молдавија вчера беше затворен на повеќе од два часа поради безбедносни причини, соопштија властите. Ваквиот потег доаѓа во момент кога источноевропската земја ја обвинија Русија оти планира да ја собори нејзината влада користејќи саботери од други земји како Србија, Црна Гора и Белорусија.

„Воздушниот простор на Молдавија беше привремено затворен во 11:24 часот (10:24 часот по средноевропско време), на 14 февруари, за да се обезбеди безбедноста на цивилното воздухопловство. Во 14:47 попладне (13:47 по средноевропско време) воздушниот простор беше повторно отворен“,

се вели во соопштението на молдавската управа за цивилно воздухопловство.

Новинската агенција Ројтерс јави дека Молдавија го затворила звојот воздушен простор во вторникот за да ги истражи извештаите за постоење на објект на небото, налик на балон.

Ваквата информација, како што додава агенцијата, била соопштена од Управата за цивилно воздухоплодство на земјата откако добила извештај од молдавското Министерство за одбрана оти над северниот дел на земјата, во близина на границата со Украина е забележан мал објект на небото.

Затворањето на воздушниот простор доаѓа во време на тензии меѓу поранешната советска република и Русија додека Москва води војна во Украина, која ја дели границата со Молдавија.

Молдавската претседателка Маја Санду во понеделникот ја обвини Русија дека планира да користи странски саботери за да го собори раководството на нејзината земја, да го запре нејзиното пристапување во Европската Унија и да го искористи во војната против Украина. Како што рече таа, рускиот план предвидува граѓани на Русија, Црна Гора, Белорусија и Србија да се обидат да предизвикаат протести во Молдавија во обид да ја „променат легитимната влада во нелегална влада контролирана од Руската Федерација“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека неговата земја открила руски разузнавачки план за уништување на Молдавија. Неколку дена подоцна, молдавската влада поднесе оставка.

Молдавија минатиот петок соопшти дека руска ракета го нарушила нејзиниот воздушен простор за време на напад врз украинската инфраструктура и го повикала рускиот амбасадор на разговор во знак на протест.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен го погоди Нов Зеланд

Следно

Силен земјотрес го стресе Нов Зеланд

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop