Мицотакис: Сè додека Турција продолжува со „casus belli“, Грција нема да одобри вклучување во програмата САФЕ

October 3, 2025
1 min read

Позицијата дека Грција нема да се согласи Турција да биде дел од европската програма САФЕ за финансирање на одбранбени проекти, доколку продолжи со „casus belli“, односно закана за војна, му ја изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на генералниот секретар на НАТО Марк Руте на нивната средба во Копенхаген, јави дописничката на МИА од Атина.

– Генералниот секретар на НАТО ме праша какво е мислењето на Грција за ова прашање. Бев апсолутно јасен и апсолутно категоричен: сè додека Турција продолжува да го поставува на маса прашањето за „casus belli“ (закана за војна), сè додека Турција продолжува директно да го оспорува суверенитетот на грчките острови преку теоријата за „сиви зони“, Грција нема да се согласи Турција да се приклучи на програмата САФЕ, рече Мицотакис на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на Европската политичка заедница, во Копенхаген.

За заедничкиот одбранбен проект за ѕидот против дронови, Мицотакис посочи дека доколку постои европска програма, „сигурно е дека таа ќе биде опфатена заеднички“, но и нагласи дека без оглед на европските приоритети, Грција самата се грижи да се заштити од такви опасности, односно како што рече „едноставно кажано, ние веќе го направивме тоа“.

Грчкиот премиер, одговарајќи на новинарско прашање се осврна и на миграцијата, нагласувајќи дека „Европа ја промени својата миграциска политика во последните години, главно како резултат на систематската работа што ја изврши Грција“.

Објасни дека Европа е построга во чувањето на надворешните граници и акцентот веќе е на враќањето на мигрантите, изразувајќи надеж дека европски партнери ќе ги поддржат иницијативите на грчката Влада „кои се засноваат на многу едноставна логика: ако дојдете нелегално во нашата земја и немате право на азил, тогаш ќе бидете лишени од вашата слобода и ќе бидете вратени назад во земјата од која сте дошле“, додека пак за оние кои имаат право на азил, објасни дека Грција ќе им го додели.

-Задоволен сум бидејќи многу строгиот став што го зазеде нашата Влада со привременото суспендирање на азилот, како и контактите што ги имавме во Источна Либија, се чини дека донесоа резултати. Во изминатиот период имавме значително намалување на брановите. Но, очигледно потребна е не само грчка, туку и европска упорност за да можеме да се справиме со проблемот во неговиот корен, порача Мицотакис.

Додаде дека Грција и понатаму работи на сите нивоа за искоренување на мрежи на криумчарите во источниот дел на Егејското море како и во јужниот Медитеран, во делот помеѓу Крит и Либија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Погледнете како изгледа официјалната топка за Светското првенство во 2026 година (ВИДЕО)

Следно

Костовски го претстави во 3D проектот за новата модерна поликлиника во Бутел (ВИДЕО)

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште

Денес во Чаир, кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен прв човек на Општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ги претстави проектите што, како што рече, ќе донесат

Коњановски најавува зелена енергетска транзиција за Битола

Со посветеност кон одржливиот развој и енергетската независност, Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола, денес се обрати на Завршната конференција на проектот „Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион“.

Костовски го претстави во 3D проектот за новата модерна поликлиника во Бутел (ВИДЕО)

Општина Бутел влегува во нова ера на здравството! Градоначалникот на Општина Бутел и истовремено кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, Дарко Костовски, во видео изјава го претстави 3D проектот за изградба на
Go toTop