Коњановски најавува зелена енергетска транзиција за Битола

October 3, 2025
1 min read

Со посветеност кон одржливиот развој и енергетската независност, Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола, денес се обрати на Завршната конференција на проектот „Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион“. Проектот е реализиран од ГАУС Институтот – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење, во партнерство со германската Фондација „100 проценти од обновливи извори“ од Берлин.

Коњановски истакна дека завршувањето на проектот не е само формална точка, туку почеток на нова визија за иднината на Битола, заснована на одржливост, чиста енергија и грижа за животната средина. „Овој проект и физибилити студијата за пренамена на изворот на енергија претставуваат патоказ за тоа како нашиот град може да стане пример за енергетска транзиција и одржлив развој“, рече Коњановски.

Во изминатиот период, локалната самоуправа значително го подобри користењето на обновливите извори на енергија. На покривите на 10 основни и средни училишта се поставени фотоволтаици, а за следната година се планира уште најмалку четири јавни објекти да добијат фотоволтаици. Дополнително, две училишта и една градинка ќе добијат греење со топлински пумпи, наместо досегашното со екстра лесно масло, со што се намалува загадувањето и се подобрува енергетската ефикасност, вклучително и преку енергетски ефикасни фасади.

Коњановски потенцираше дека локалната самоуправа ќе продолжи да поддржува иницијативи кои водат кон почист воздух, повисок квалитет на живот и подобар стандард за граѓаните. „Со заедничка работа со експертите, институциите, приватниот сектор и меѓународните партнери, овој проект ќе најде своја практична примена и ќе го приближи нашиот град кон зелена, енергетски независна и одржлива иднина“, заклучи Коњановски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костовски го претстави во 3D проектот за новата модерна поликлиника во Бутел (ВИДЕО)

Следно

Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште

Latest from Blog

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.
Go toTop