Мицкоски: Во Свети Николе се реализирани 70% од тоа што е ветено на изборите, градоначалникот покажува дека може да се работи и реализира

February 21, 2023
1 min read

Убав ден денеска во Свети Николе, убаво е кога може да се види како се реализираат проектите кои што се ветени во програмата за време на кампањата на локаните избори во 2021 година, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Градоначалникот на Свети Николе, Дејан продолжува да го реализира тоа кое што беше ветувано и мислам дека сме во одлична фаза со голем процент на реализирано, можеби повеќе од 70 проценти од тоа кое што е ветено. Честитки до него, тимот и администрацијата, до општинскиот совет за вака храбро, мотивирано работење и исполнување на ветено, имајќи во предвид дека се соочуваме со влада која што онаму каде што нивните кандидати за градоначалници катастрофално изгубија, се однесуваат насилнички, ги бојкотира, го кочи развојот на тие општини каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Но, уште кратко време и тоа ќе заврши и ќе можеме што се вели во последните години од мандатот на градоначалниците да покажеме колку можело, а не било направено и од страна на нивните претходници, градоначалници на СДСМ, но и од владата на ДУИ поддржана од СДСМ изминатиот период, рече Мицкоски.

Тој понатаму посочи: „Така што уште еднаш ќе ми дозволите да му честитам на Дејан, да му посакам уште повеќе вакви проекти да се реализираат затоа што граѓаните заслужуваат да видат еден поинаков пристап на исполнување на работите. Не сме сите исти, напротив многу сме различни и јас уште еднаш им посакувам на светиниколчани да се радуваат заедно со општинската администрација на многу реализирани проекти кои што во периодот ќе следат“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Путин: Русија го суспендира учеството во Договорот за намалување на стратегиското оружје

Следно

(ВИДЕО) Само 15 милиони евра, а не 30 вреди конфискуваниот недвижен имот на Сашо Мијалков

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop