Мицкоски: Против власта денеска гласаа над 600.000 граѓани

1 min read

Ова е голема победа на македонскиот народ и за граѓаните на Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќањето од седиштето на партијата. Како што додаде тој, против власта денеска гласале над 600 000 граѓани.

„Ветив дека ќе победиме со најмалку 100 000 гласови, победуваме со најмалку 170 000 гласови. Ви благодарам од срце народе на Македонија. Ветував дека ќе се случи народ и денес се случи народ. Ова е голема победа за македонскиот народ и за граѓаните на Македонија. Македонија се враќа во рацете на народот“, рече Мицкоски.

Извор: alsat.mk

Претходно

Ковачевски: Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија

Следно

Сиљановска-Давкова со двојна предност пред Пендаровски во првиот круг

Latest from Blog