Ковачевски: Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија

1 min read

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес конференција порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле и тоа го прифаќаат. 

– Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не казнија и ние тоа го прифаќаме. Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но се уште не е доцна да се смени правецот. Откажувањето не е опција за нас, ние никогаш нема да се откажеме од европската иднина на Македонија, имаме уште две недели да ја испратиме пораката до секој град, село, куќа, човек дека единствениот начин за вистинска и суштинска промена е европската интеграција на земјата. – рече Ковачевски.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Студентските протести за Палестина се проширија на уште два универзитета во САД

Следно

Мицкоски: Против власта денеска гласаа над 600.000 граѓани

Latest from Blog